|
|
01.08.2008 Купување на хартии од вредност
- За купување на хартии од вредност потребно е да понесете лична карта (домашни физички лица), пасош (странски физички лица), регистрација од Централниот Регистар и формулар на овластени потписници (правни лица), како и уплата на потребниот износ зголемен за брокерска, депозитарна и берзанска провизија.
- Пред отворањето на налогот за купување, нашите брокери ќе Ви помогнат во одредувањето на цената информирајќи Ве за сите важни моменти поврзани со одредени хартии од вредност, моменталните понуди и цени, односно извршените трансакции. Конечната одлука за одредувањето на цената по која ќе ја купите одредената хатија од вредност ја донесувате Вие, како налогодавач.
- Налогот за купување можете да го отворите со доаѓање во нашите простории лично. Доколку сакате да тргувате во друго име, треба да имате полномошно (наш примерок) кое треба да биде заверено на нотар и да не е постаро од 6 месеци.
- Уплатата на средствата ја вршите на посебна клиентска сметка, а налогот како и целата уплата ќе Ви биде достапен во нашите простории на Банката.
- По реализираната трансакција односно купувањето на хартии од вредност Извештај за деталите на целата трансакција ќе Ви биде приложен, а хартиите од вредност ќе се евидентираат на Ваша сметка во Централниот Депозитар за хартии од вредност. Доколку немате отворено сметка, ние ќе ја отвориме во Ваше име, секако на ваша претходна согласност.
- Порамнувањето на хартиите од вредност во Централниот Депозитар се врши на третиот работен ден од денот на трансакцијата.
|
|
|
 |
|
 |
|
|
 |
КУРСНА ЛИСТА
|
| бр. 65440 за: 07.09.2010 | | | | EUR | 61,30 | 61,70 | 61,35 | 61,67 | | USD | 47,45 | 48,80 | 47,50 | 48,75 | | GBP | 73,15 | 74,60 | 73,20 | 74,55 | | CHF | 46,80 | 48,15 | 46,85 | 48,10 | | SEK | 6,52 | 6,72 | 6,53 | 6,71 | | NOK | 7,72 | 7,92 | 7,73 | 7,91 | | JPY | 56,50 | 57,90 | 56,55 | 57,85 | | DKK | 8,16 | 8,36 | 8,17 | 8,35 | | CAD | 45,70 | 47,05 | 45,75 | 47,00 | | AUD | 43,25 | 44,55 | 43,30 | 44,50 |
|
|
|
 |
|
 |
|