|
02.07.2009 Државни хартии од вредност
Државните хартии од вредност (ДХВ) се безризични хартии од вредност кои во име на Владата на РМ ги издава Министерството за финансии на РМ. ДХВ се продаваат преку аукции кои се организирани преку Агентот на Министерството за Финансии, а тоа е Народната Банка на Република Македонија. На аукциите директно можат да учествуваат само овластените директни учесници (сите банки во РМ), а останатите заинтересирани резиденти и нерезиденти можат да учествуваат индиректно, односно, преку банките.
Државни записи се краткорочни хартии од вредност со рок на доспевање од 3, 6 и 12 месеци, додека Државните обврзници се долгорочни хартии од вредност со рок на доспевање од 2 и 3 години. Минималниот износ за поединечно барање изнесува 10.000 денари (секое зголемување на номиналниот износ се врши во заокружени износи од 10.000 денари), a каматната стапка се одредува пазарно во зависност од понудата и побарувачката. Физички лица имаат можност да аукцираат на неконкуренти понуди што подразбира купување на ДХВ со аукцирање само со износ, а цената е еднаква на пондерирана (просечна) каматна стапка постигната на соодветната аукција. Државните записи се издаваат и исплатуваат по номинална вредност, а се уплатуваат по дисконтирана вредност. Државните обврзници се издаваат, уплатуваат и исплатуваат по номинална вредност, а на нив се плаќа купонска камата.
Статер Банка ад Куманово учествува на аукциите на државни записи и државни обврзници во функција на овластен директен учесник во свое име, а за сметка на индиректни учесници (домашни и странски правни и физички лица) согласно нивните потреби.
За учество на аукцијата на државни хартии од вредност, заинтересираните потребно е на ден на одржување на аукцијата да:
- Достават пополнето Барање за купување на државни записи/обврзници потпишано од овластено лице, до Службата за управување со ликвидност и финансиски пазари на факс. 031/420-061 и тоа најдоцна до 09.00 часот
Барање за купување на Државни записии (PDF - 50KB)
Барање за купување на Државни обврзници (PDF - 49KB)
- Потпишат Договор за посредување, склучен помеѓу Статер Банка и клиентот, заради регулирање на правата и обврските при посредување во купување на државни записи/обврзници
- Најдоцна до 09.00 часот на денот на одржување на аукцијата да извршат уплата на дисконтираниот износ за купување на државни записи (номинална вредност намалена за износот на каматата), а номинален износ за државни обврзници. Уплатата се врши на сметката на Статер Банка ад Куманово 510-0000000001-09 со повикување на број 100151012.
- За посредување при купување државни хартии од вредност на примарен пазар Статер Банка наплаќа надоместок во висина 0.12% од номиналниот износ за секоја успешна понуда, минимум 200,00 ден, максимум 6.000,00 ден на денот на аукцијата. За одбиените понуди на индиректните учесници на аукциите на државни хартии од вредност се наплаќа провизија од 200,00 ден.
Во случај заинтересираните да имаат потреба од ликвидни средства пред достасување на хартиите од вредност им се нуди можност Банката да ги откупи на секундарен пазар (без провизија).
Барање за порамнување (PDF - 53KB)
Контакт телефони: 031/475-116, 031/475-112 Факс: 031/420-061
Календар
|
|
|
 |
 |
|
|
|
 |
|
 |
|
|
 |
КУРСНА ЛИСТА
|
| бр. 65440 за: 07.09.2010 | | | | EUR | 61,30 | 61,70 | 61,35 | 61,67 | | USD | 47,45 | 48,80 | 47,50 | 48,75 | | GBP | 73,15 | 74,60 | 73,20 | 74,55 | | CHF | 46,80 | 48,15 | 46,85 | 48,10 | | SEK | 6,52 | 6,72 | 6,53 | 6,71 | | NOK | 7,72 | 7,92 | 7,73 | 7,91 | | JPY | 56,50 | 57,90 | 56,55 | 57,85 | | DKK | 8,16 | 8,36 | 8,17 | 8,35 | | CAD | 45,70 | 47,05 | 45,75 | 47,00 | | AUD | 43,25 | 44,55 | 43,30 | 44,50 |
|
|
|
 |
|
 |
|